Жените постари од 30 години во Кина не можат да се омажат

Жените во Кина кои се над триесет години можат да заборават на мажењето, зотоа што ги сметаат за премногу стари, пишува Дојче Веле..

Добро образованите, успешни жени, се на големи маки во патријархалното кинеско општество, во кое се очекува супериорност на мажот. Успешните жени во своите доцни дваесетти се под се поголем притисок од своето семејство, пријателите и кинеската влада, затоа што тие од нив очекуваат да најдат партнер и да се омажат. Штом наполнат триесет, тие веднаш се етикетирани како „остатоци од жени“, и постојат големи шанси никогаш да не се омажат.

„Првата категорија е жени на возраст од 26 до 27 години, кога жените се нарекуваат ’борци против остатокот’“, вели дваесет и осум годишниот карикатурист Лео Ли, за Дојче веле. 

Тогаш на ред доаѓа фазата од 32 до 35 години, која се нарекува „бисшенгке“ или „Пица хат жени“ кои се презафатени со работа и немаат време да најдат сопруг. На крај доаѓа фазата во која спаѓаат безнадежните жени, кои се на возраст од триесет и пет години и кои се нарекуваат „многу безнадежни жени остатоци“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top