Женската ракометна федерација на турнир во Србија

Македонија на овој турнир ќе настапи без Мирјета Бајрамовска и Билјана Црвенковска.

Женската ракометна репрезентација на Македонија, од петок до недела, ќе учествува на Меѓународен турнир во Врњачка Бања, Србија. Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат три селекции кои ќе настапат на претстојното Светско првенство (Србија, Ангола, Хрватска).

Македонија на овој турнир ќе настапи без Мирјета Бајрамовска и Билјана Црвенковска, кои решија да стават крај на репрезентативната кариера, како и без голманката Дијана Наумовска која е повредена.

Исто така, новиот селектор Ристо Магдинчев нема да може да смета и на трите ракометарки кои прифатија да играат за Македонија (Костукова, Виноградова, Иломитеану), бидејќи сè уште за нив не е завршена постапката за добивање на државјанство.

Резултатите на овој турнир ќе бидат ставени во втор план, целта на селекторот е на натпревари со силни противнички да го види на дело потенцијалот на подмладената селекција.

Ракометарките во првиот меч, во петок, ќе играат со Хрватска, а потоа им следат дуелите со Ангола и Србија. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top