Жерновски тера предновогодишен инает за кој граѓаните ќе платат стотици илјади евра

Само настапот на „Прљаво казалиште“ граѓаните на Центар ќе го платат 30.000 евра.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски се реши да направи своја, паралелна прослава на Нова Година која според проценките, граѓаните ќе ги чини и до 100.000 евра.

Иако општина Центар ги крие сумите кои планира да ги потроши за 4 дневниот настан, хрватските медиуми пишуваат дека само настапот на „Прљаво казалиште“ граѓаните на Центар ќе го платат 30.000 евра, а според проценките, целиот настан со пропратната опрема може да достигне сума од стотици илјади евра.

Со ваквиот потег на Жерновски сите тврдења дека нема пари за реконструкција на училишта и градинки и дека општинската каса е празна паѓаат во вода. Тој само пред неколку месеци се жалеше дека нема пари да ги плати учителките за целодневна наставна во основите училишта во Центар, а денес организира скапи и непотребни новогодишни прослави.

Ова е прв пат Општина Центар да органзира паралелна прослава на Нова година, а уште позачудувачки е што овој настан ќе го одржи на Сквер Јадран кој е практично на Плоштадот. Оттука, граѓаните со право коментираат дека во Центар за Нова година ќе биде хаос, бидејќи на 50 метри ќе има поставено 2 бини на кои ќе има 2 паралелни концерти.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top