Жешко е на фронтот во Манчестер: Се огласија сопствениците на Јунајтед околу кризата во клубот

Со ова јасно се става до знаење кај фановите дека Оле Гунар Солскјер ја има целосната нивна поддршка..

Со притисокот кој флагрантно се формира како хематом околу Оле Гунар Солскјер, навивачите на Јунајтед бараат со право и коментар околу иднината на нивниот клуб, директно од нивните сопственици, кои ги сметаат за директни виновници во папазјанијата во која се наоѓаат

Клубот, односно сопствениците ретко кога јавно истапуваат по притисоците кои ги имаат во клубот по заминувањето на Фергусон, но тие решија по поразот со Њукасл, конечно да се огласат и да појаснат одредени недоумици кои владеат кај фановите.

„Како клуб, ние сме секогаш заедно, секогаш фокусирани околу правецот низ кој се движиме. Доколку вие пешачите само на сончеви денови, никогаш нема да стигнете на посакуваната цел. Мора да има и такви денови, потребни се и вакви падови некогаш“.

„Имавме неколку падови овие години, сега е случај истото, разочарувачки е, но работиме на подобрување на тимот. Знаеме кон каде се движиме. Работиме на враќање на самодовербата кај момците“, порачаа гласноговорниците на Манчестер Јунајтед, во име на извршниот директор и сопствениците, семејството Глејзери.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top