Жестоки судири на границата меѓу Израел и Либан, на цивилите им е наредено да останат дома

Израелските сили разменија оган со екстремистите на Хезболах по должината на границата меѓу Либан и Израел..

На израелските цивили им е наредено да не излегуваат од дома во еден од најжестоките судири во последната година, кои избувнаа во подрачјето на таканаречената Шеба фармс, кое Израел го освои во војната во 1967 година.

Судирот се случува во време на засилена борбена подготвеност на израелската војка поради очекуваниот напад од Хезболах по убиството на еден од припадниците на оваа либанска организација во израелски воздушен напад во Сирија минатата недела.

Жителите на пограничното подрачје рекле дека израелското гранатирање траело повеќе од еден час.

Портпаролот на војската на Израел рекол дека војниците отвориле оган кога екстремисти влегле на израелска територија и дека имало пукање и од другата страна.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top