Зибери: Разрешувањето е политичко

Министерот за здравство, Венко Филипче го разреши директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери..

Во своето образложение, Филипче рече дека нема да дозволи никој за политички поени да ја користи работата на членовите на Комисијата за заразни болести, потсетувајќи дека за време на пандемијата, тројца други директори беа разрешени од слични причини.

Додека Филипче вели дека разрешувањето се темели на непрофесионалното однесување на Зибери, тој го обвини министерот за здравство дека заедно со СДСМ водат кампања за одмазда. Тој вели дека им служел на граѓаните со лојалност и посветеност, додека однесувањето на СДСМ го смета за срамно.

Разрешувањето на Зибери дојде по неговиот статус на Фејсбук, во кој напиша дека тој придонел да се отворат границите и затоа печалбарите можат да се вратат во својата татковина без ПЦР тест и самоизолација. Го употреби мотото на кампањата на неговата партија за изборите на 15 јули. Веќе екс директорот на ЦЈЗ е вник на Насер Зибери кој е кандидат за премиер на ДУИ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top