Зидан го сака Погба, Флорентино не може да го смисли, причината - урнебесна!

Пол Погба е на првото место на листата на потенцијални засилувања на Реал Мадрид за идната сезона..

Најскапиот играч во историјата на Премиер лигата, исто така, има желба да се пресели на Бернабе, а за негов трансфер притиска и тренерот Зинедин Зидан. Фудбалерите во соблекувалната се поделени, но многу е важно тоа што против Погба е претседателот на Реал, Флорентино Перес.

Причина за тоа е неспортскиот живот на контроверзниот Французин. Скаутите на Реал направиле анализа и дошле до заклучок дека Погба е љубител на ноќни излегувања, не е дисциплиниран и може лошо да влијае на екипата.

„Не го купувај, тој секоја вечер е во различна дискотека“, наводно му рекле на Флорентино.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top