Зидан им се закани на „светците“: Ве предупредив за ова, сега треба посебно…

Зинедин Зидан не го криеше задоволството од начинот на кој неговиот тим оствари победа над Реал Сосиедад во дуелот кој беше последно загревање и разигрување за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Зидан на прес-конференцијата пред натпеварот им порача на новинарите дека Роналдо ќе се појави на сцена на најважните натпревари, а откако неговиот тим славеше со 5:2 и во натпревар во кој посебно одигра неверојатно добро во првото полувреме, си даде за право да испрати една закана до ПСЖ.

– Ова е патоказ за тоа како треба да се однесуваме и да играме. Во среда ќе играме пред нашата публика и ние сме тие кои мораме да ја направиме разликата на теренот. Не треба да го чекаме противникот, ние сме тие кои треба да направиме нешто повеќе. Среќен сум за Роналдо, пред натпреварот ме прашавте дали сум загрижен за него. Ве предупредив за ова и сега ви одговори со хет-трик. Знаеме дека секогаш сака да постигнува голови, ПСЖ сега посебно треба да внимава на него, – порачува Зизу.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top