Зидан можеше да дојде во Јунајтед, но…

Легендата на францускиот фудбал Зинедин Зидан можел да игра за Манчестер Јунајтед, откри поранешниот шеф на клубот Мартин Едвардс..

Во 1996 година на “црвените ѓаволи” им бил понуден тогашниот фудбалер на Бордо, но менаџерот Алекс Фергусон ја одбил можноста. Причината била Ерик Кантона, односно фактот што Фергусон не сакал да влегува во конфликт со него затоа што Зидан играше на истата позиција.

Како последица на тоа, Зизу се пресели во Јувентус, а по пет години во торинскиот гигант замина во Реал и таму ја заврши кариерата.

“Зидан и Ерик играа на иста позиција. Алекс сметаше дека ако го донесе Зидан тоа ќе го вознемири Кантона. Да биде иронијата поголема, една година подоцна Кантона ја заврши кариерата, а со оглед на тоа што Зидан тогаш беше млад, сметам дека можеше да се најде место во тимот за двајцата”, изјави Едвардс.

Ова е продолжение на пикантериите од Јунајтед што ги објавува тој откако минатата недела откри дека во 2002 година Арсен Венгер бил пред премин на Олд Трафорд како наследник на Алекс Фергусон.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top