Зидан поради Македонија стана најомразен Французин во Грција

Тренерот на Реал Мадрид со само една кратка изјава за нашата земјиа се стекна со непријателство од грчките фудбалски фанови кои што со денови водат битка против употребата на името Македонија во контекст на одржувањето на Супер купот на Европа во Скопје..

По мечот во кој неговиот тим Реал го победи Манчестер Јунајтед и втора година по ред стана владетел на континентот, Зинедин Зидан и се заблагодари на Македонија.

“Здраво, ја започнавме новата сезона. Тајната на нашиот клуб е во тимот и луѓето што работат овде“ вели Зидан за победата.

„Што се однесува на престојот во Македонија, беше исклучително пријатен, Стадионот е величенствен, луѓето се многу љубезни и Реал Мадрид им е благодарен“, порача тренерот на Реал Мадрид.

Веднаш по споменувањето на Македонија а не на ФИРОМ како што упорно инсистираат грчките фанови на социјалните мрежи започнаа критиките против Французиот со алжирско потекло кој е напаѓан со погрдни зборови, некои бараат да му се забрани влез во Грција ако Реал игра со некој грчки клуб, а се најавуваат и официјални поплаки до Реал Мадрид и до него лично.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top