Зидан тера по свое: Навивачите го мразат, ама Бејл утре ќе биде стартер

Наспроти испадот од пред десетина дена по репрезентативниот дуел меѓу Велс и Унгарија, Герет Бејл ќе биде во почетната постава на утрешниот натпревар против Алавес во Виторија..

Тоа ќе биде прв старт за Велшанецот по пауза од 56 дена, односно по мечот против Гранада одигран на 5 октомври на Бернабе. 

На последниот гол чека уште подолго, од 1 септември кога ги постигна единствените два оваа сезона, против Виљареал на гости.

Веројатно да не беше повредата на Азар, Бејл и утре немаше да се најде во почетниот тим, но на Зидан му треба искуство бидејќи бодовите против Алавес се попотребни од што било.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top