Зидан во свој стил одговори дали некогаш би ја водел Барселона

По најавите дека Зинедин Зидан идното лето ќе го напушти Реал Мадрид, медиумите и новинарите веднаш побрзаа да го прашаат Зидан она што ги интересира..

Зидан се уште нема потенцирано јасно што планира во иднина, па затоа нема конкретен одговор на шпекулациите кои излегоа во јавноста.

Прашан дали некогаш би ја водел Барселона, Зидан кратко и јасно одговори:

Јас имам бело срце. Сега сум овде, размислувам само што би правел овде, сличен бев и како играч. Секогаш сакам да ги добивам натпреварите, секогаш одам бескомпромисно на победа“, констатира Зидан.

Реал со Зидан ги оствари најголемите успеси во новата ера на „кралевите“, па сигурно дека на навивачите нема да им биде сеедно доколку овој квалитетен стратег ги напушти.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top