Зијадин Села повторно избран за претседател на Алијансата за Албанците

Зијадин Села е новостар лидер на Алијансата за Албанците..

Со 606 гласа “За“ и 1 “Против“, на денешниот партиски конгрес тој го доби вториот мандат. Во обраќањето пред делегатите, Села ја критикуваше актуелната власт – дека приоритетите на албанците, алудирајќи на албанскиот јазик, останале во втор план.

“Не ги делете членството во НАТО, промената на името и реформите за во ЕУ од албанскиот јазик, бидејќи кога се вели албански јазик, тоа е синоним на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ. Албанскиот јазик е враќање на едно право кое му било оневозможено на овој народ иако ги исполнува сите критериуми, не да бидеме третирани како малцинство, туку да бидеме третирани како мнозинство“, рече Села.

На конгресот не учествуваше огранокот на Бутел – обвинуваат дека конгресот бил исцентиран за да има само еден кандидат за претседател.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top