Зинедин Зидан знае кој ќе седне на клупата на Реал Мадрид еден ден

Иако неговата позиција е нестабилна, тоа не го спречува актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан да коментира за негов колега кој би можел да направи добра работа во тренерскиот свет..

Французинот кој овие денови се наоѓа под голем притисок, предвидува дека неговиот некогаше соиграч Раул еден ден ќе биде тренер на Реал Мадрид.

Раул е клупска легенда, постигна 323 гола на 741 меч во дресот на „кралевите“ во период од 1994 до 2010 година. Освои 16 титули, вклучувајки шест Ла Лиги и три Лига на шампионио.

Тој моментално е тренер на резервниот тим на Реал Мадрид, а Зидан верува дека легендарниот напаѓач ќе ги следи неговите стапки и еден ден ќе биде тренер на првиот тим.

„Играв заедно со него и тој секогаш беше важен играч на овој сјаен клуб. Сигурен сум дека еден ден ќе го тренира Реал Мадрид“, порача Зидан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top