Жители на Лескоец потполно заборавени: Во 21-ви век газат по улици полни со кал и вода

Жители на охридското село Лескоец, живеат во услови кои се недозволиви во 21 век..

Лесковчани се жалат дека кога ќе заврне за нив почнуваат кошмарите со оглед на тоа што буквално неможат да поминат по улицата.

– Условите за живот се под човечкото достоинство, каде ниту елементарните права на се запазени. Плаќаме придонеси и даноци, а надлежните од општината мува не ги лази, велат револтирано жителите.

Тие упатуваат апел до локалната власт побрзо да превземат мерки и да ја асфалтираат улицата.


Извор: Охрид 24


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top