Животот во Албанија се враќа во нормала по силниот земјотрес

Полека се враќа во нормала животот за граѓаните на Драч и Тирана по силниот земјотрес кој се случи во саботата со магнитуда од 5.8 степени според Рихтер и стотиците помали афтершокови..

Албанските власти соопштија дека градежните инженери во соработка со приватни фирми на терен вршат проценка на материјалните штети. Моментално, сите патишта се проодни, електричната енергија и водоводот функционираат, исто како и пристаништата и аеродромите. Но, училиштата и градинкита и денеска останаа затворени за да се избегне некоја нова опасност, но од утре се очекува наставата да продолжи.

Наставата продолжува утре со информативно видео во врска со мерките кои треба да се преземат во случај на земјотрес. Се работи за анимирано видео со деца кои се грижат за себе при земјотрес“-изјави Беса Шахини, министер за образование во Албанија.

Инаку, во земјотресот полесно беа повредени стотици граѓани, а имаше и материјална штета. Од Институтот за градежништво во Албанија, сепак оценуваат дека штетите се минимални поради изградбата на стабилни структури.

Земјотресот кој се случи во саботата беше голем испит за градежниците Албанци и покажа дека сме работеле посветено, затоа и немавме проблеми со објектите“-рече Агрон Хусенлиу, директор на Институтот за градба во Албанија.

А, вчера вечер ситуацијата ескалираше откако некои електронски медиуми објавуваа шпекулации за нов силен земјотрес, па граѓаните беа повикувани да излезат од своите домови. Поради тоа дојде до големи гужви и до блокади на многу крстосници и патишта. Во текот на денов, полицијата приведе двајца новинари и одговорни лица во подбуцнувачките медиуми. Ваквите дела се сметаат за кривични. Во меѓувреме, Албанија доби поддршка од многу земји во ЕУ, како и од централните институции на Унијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top