Зизу прослави јубилеј: Роналдо му донесе победа на 100-тиот натпревар на клупата на Реал

Зинедин Зидан денеска по 100-ти пат го предводеше Реал Мадрид..

Реал Мадрид запиша триумф над Гетафе во осмото коло од шпанската Примера, славеа со 1:2, благодарение на голот на Кристијано Роналдо.

Зидан така дојде до бројката од 100 меча на клупата на „Кралскиот клуб“, а статистиката која стои зад него е навистина импозантна.

Тој го презеде Реал на четврти јануари 2016 година, а до денеска успеа да освои седум трофеи со „Лос Бланкоси“.

Ја освои Примера минатата сезона, Суперкупот на Шпанија пред почетокот на актуелнава, а освои и пет интернационални трофеи, две титули во Лигата на шампионите, два УЕФА Суперкупови, како и Светско клуспко првенство.

Реал под негово водство запиша 75. победи, а играчите на „Кралскиот клуб“ постигнале 273 гола.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top