Златан е тип на играч кој ќе ве убие ако направите грешка пред него на терен

Златан Ибрахимовиќ каде и да настапувал во својата кариера, секаде бил големо име и од големо влијание кај останатите играчи..

Оваа сeзона е во дресот на Милан и е еден од најдобрите, со кој што Милан обезбеди излез во Европа.

Тунискиот фудбалер Исмаел Бенасер, во последното интервју истакна каков е всушност ставот на шведскиот ветеран.

„Тој знае многу да ви помогне, со него сите напредувате на терен, кога е тој покрај вас, верувајте нема да сакате да ја загубите топката. Мора да дадете се од себе затоа што тој бара совршенство. Доколку не дадете се од себе, тој ќе урла на вашите грешки“.

„Ибра е таков, но сепак ево право. Исправно е што ќе урла по вас доколку погрешите, така учите на тој начин и напредувате. Тој е тип на играч кој е подготвен да ве убие ако згрешите во негово присуство“, рече Бенасер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top