Златниот медал „Блаже Конески“ за професор Јуми Накаџима од Јапонија

Во посета на Македонската академија на науките и уметностите, престојуваше професор Јуми Накаџима, истакнат јапонски славист и македонист, добитник на високото признание златниот медал „Блаже Конески“ за 2018 година што го доделува МАНУ..

Професорката Накаџима, беше примена од академик Луан Старова, потпретседател на МАНУ, кој свечено и го предаде медалот „Блаже Конески“, во присуство на членови на МАНУ, амбасадорката на Јапонија во Скопје, госпоѓа Хеико Канеда и други гости.

Академик Старова ја истакна посветеноста на проф. Јуми Накаџима за афирмацијата на македонистиката во Јапонија и воопшто во светот, со што, таа заслужено е носител на медалот „Блаже Конески“ што го доделува МАНУ како свое највисоко меѓународно признание од областите на своето дејствување.

Во своето обраќање, професор Накаџима изрази благодарност на вниманието што и укажано, особено што признанието го носи името на Блаже Конески, името големиот македонист и еден од основоположниците на МАНУ, со кого таа имала чест да соработува.

Веле Митаноски


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top