Жолтите елеци повторно на улиците, судир во неколку градови

Околу 40.000 приврзаници на неформалното протесно движење Жолти елеци протестираа 16-та сабота по ред ширум Франција, во продолжување на протестите два дена пред крајот на „Големата дебата.“.

Додека во престолнината Париз кон пладнето започна мирен марш долг 12 колометри под силно полициско следње, денешниот протест го одбележа судири во неколку други големи градови.

Вечерта министерството за внатрешни работи ја објави својата процена дека 39.300 лица протестирале ширум Франција, од кои 4.000 во Париз. Во Лион имало 2.000 Жолти елеци и ситуацијата била тензична во центарот на градот, кога имало обид да се пробие полициската ограда на влезот во трговската зона. Полицијата ги растерала демонстрантите со солзавец.

На другите собири, исто така, имало судири, како во Дижон каде се собрале 800 луѓе. Инциденти имало и на собирите во Ница, Стразбур и Лил, а во Нант демонстрантите фрлале пластични шишиња со киселина врз полицајците кои возвратиле со солзавец. Во Бордо се собрале „неколку илјади“ демонстранти. Во Тулуз, исто така, имало судир со полицијата.

Демонстрантите најавуваат помасовни и жестоки протести на 16-ти март кои се совпаѓаат со завршувањето на ткн „Голема дебата“ која на 15-ти јануари ја започна францускиот претседател. Жолтите елеци сметат дека „Големата дебата е измама и замајување“, бидејќи елитите се плашат дека ќе ги загубат своите добро платени позиции. Макрон ја започна големата национална дебата без преседан во траење од два месеца, за да ја запре кризата во француското општество, најголемата од неговото доаѓање на власт во пролетта 2017 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top