Зоран Ванев: Ова ми е тешко, за цел свет сум Македонец, Македонците ме нарекуваат србоман

Македонскиот естраден уметник Зоран Ванев се чуствува нарведено поради негатвните коментари.

-На почетокот на кариерата, не после песна “Ангела” туку соработката со српската продукција, кога издадов албум и на српска музика, многу во Австралија, нашинци ми замерија, што за после 10-15 години кога некој на таа иста телевизија и иста продукција победи, беше со аплаузи пречекан.

Тоа можам да го разберам, меѓутоа се си има свое време. Мислам дека тогаш беше во погрешно време тоа, затоа што јас секогаш сум пред музиката и знам што ќе се случува. Никогаш не е лошо да имам интернационална кариера.

Најтешко ми беше, каде и да одев, пример кај србите, хрватите, босанците, било кој од екс Југославија, каде и да се појавев, секој ми велеше “Где си македонац”. Кога доаѓав меѓу своите, ме нарекуваа “Овој србоман” и слично. Мислам дека помина тоа време и мило ми е што некои работи се подредија, додава Зоран.

Со оглед на преголемите хитови кои ги испеа пред дваесеттина години, како “Ангела”, “Ако бевме заедно ” и многу други, Зоран не ја исклучува можноста за реобновување на овие големи хитови и нивно зачувување во понова верзија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top