Зоран Заев упати божиќна честитка до верниците

Симболиката на Божик е во можноста да ја почувствуваме радоста на заедништвото.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Рождество Христово Божик, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, како и до сите верници од православна вероисповед во земјава, во која се вели:

„Овој голем христијански празник нека донесе љубов и мир меѓу луѓето, топлина во семејниот дом и поттик за надеж и верба во животот. Симболиката на Божик е во можноста да ја почувствуваме радоста на заедништвото. Нека во нашето секојдневие се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето, да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон сите наши познаници и да ги унапредиме нашите заеднички вредности. На овој начин, обединети и сплотени околу идеалите на овој празник, ќе можеме да чекориме по патот на создавање на дела и вредности од кои придобивка ќе има нашето општество и сите граѓани на Република Македонија. Нека деновиве на празнување бидат инспирација за секој од нас да го даде својот придонес во зголемувањето на свеста за значењето на љубовта, мирот, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста“, порачува Заев во божиќната честитка.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top