Зошто Фејсбук отстрани над 5 милијарди профили само оваа година?

Фејсбук затвори 5,4 милијарди лажни профили и страници на својата платформа од почетокот на оваа година, што е многу поголема бројка од 2,5 милијарди месечни активни корисници..

Тоа е далеку над 3,3 милијарди лажни профили отстранети во текот на 2018 година.

Дури пет проценти од месечни корисници од скоро 2,5 милијарди база на профили се состојат од лажни профили, велат од компанијата, и покрај напредокот во технологијата што и овозможи на Фејсбук да забележи повеќе вакви активности во моментот кога биле создадени.

Објавувањето на оваа информација ја потенцира големината на предизвиците со кои се соочува Фејсбук, додека се подготвува за високорисична сезона на избори во САД.

Аналитичарите и надзорните тела се подготвуваат за бран лажни и погрешни содржини на социјалните медиуми по откривањето на мешањето на изборите во 2016 година.

Главниот извршен директор Марк Закерберг истакна дека големиот број отстранети лажни профили е знак за тоа колку е сериозна компанијата за ова прашање и ги повика другите платформи да ги објават своите податоци на лажни сметки.

– Тоа што нашиот број е висок не значи дека кај нас постои толку штетен материјал. Тоа значи само дека работиме понапорно за да ја идентификуваме оваа содржина и затоа е поголема – рече Закерберг во средата, пренесува Си-Ен-Ен.

Бројот на лажни профили оневозможени од компанијата достигна врв на почетокот на годината, кога Фејсбук објави дека во јануари-март отстранил повеќе од две милијарди.

Компанијата отстрануваше разни лажни профили во следните три месеци – 1,5 милијарди – што Фејсбук ги препиша на подобрувањата во блокирањето на создавање нови лажни профили.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top