Зошто Кејт Мидлтон, за разлика од Дијана, никој не ја нарекува принцеза?

Одговорот се крие во фактот дека припадниците на британското кралско семејство имаат неколку титули, од кои ја бираат највисоката..

Без оглед на тоа што е сопруга на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон и понатаму ја носи титулата војвотката од Кембриџ. Зошто Кејт, за разлика од Дијана, никој не ја нарекува принцеза?

Одговорот се крие во фактот дека припадниците на британското кралско семејство имаат неколку титули, од кои ја бираат највисоката.

Во случајот со Кејт Мидлтон, нејзината официјална титула е Нејзиното кралско височество принцезата Кетрин, војвотката од Кембриџ, грофицата од Стратерн и бароницата од Керикферџс.

Додека Дијана била родена во семејство на британско племство, тоа не е случај со Кејт, па таа се определила за титулата војвотка.

Таа секако вложува многу труд за одржување на наследството на Дијана, претежно со добротворната работа со луѓето со нарушување на менталното здравје.

Кејт, Вилијам и Хари се основачи на кампањата „Head together“ која има за цел отстранување на стигмата од луѓето со ментални болести.

Макфакс


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top