Зошто секое утро треба да земате лажица лен?

Ленот може да биде одлична замена за јајца, како и одличен извор на здрави масти и посебни растителни влакна кои позитивно влијаат на организмот.

Лененото семе е намирница која е повеќе од препорачливо да се воведе во секојдневната исхрана. Ленот е одличен растителен извор на омега 3 масни киселини.

Повеќе истражувања укажале дека омега 3 масните киселини придонесле за намалување на воспаленијата во организмот, а исто така многу поволно влијание и на здравјето на коските, срцето и мозокот.

Освен тоа, мастите даваат чувство на ситост, па ако додадете лажица ленено семе во својата утринска каша или смути, ќе бидете сити многу подолго.

Ленот е посебен на уште еден начин. Само една лажичка лен ви дава 20 отсто од препорачаната количина на растителни влакна.

Притоа, ленот содржи посебни влакна, т.н. лигнани за кои се знае дека имаат антиканцероген ефект.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top