Зошто секој трет ден треба да јадете брокули?

Откријте какви здравствени бенефити може да ви донесе консумирањето на брокули секој трет ден..

Ако редовно јадете брокули, можете да ги намалите шансите да добиете некоја од срцевите болести, дијабетес тип 2 и неколку видови на рак, покажа новото истражување.

Флавоноидите кои се наоѓаат во оваа супернамирница му помагаат на телото во борбата против болестите, велат експертите.

Со консумирањето на брокули на секои три дена можете да го зајакнете имунолошкиот систем и да ги намалите воспленијата.

Научниците веруваат дека се на чекор до созадавањео на генетски модифициран зелен зеленчук со поголеми дози на фенол.

„Фенолите имаат одлични антиоксидантни својства и постојат се повеќе докази дека се клучни за борбата против воспаленијата во организмот на цицачите“, вели генетичарот д-р. Џек Јувик од Универзитетот во Илиноис.

„Луѓето чија исхрана се состои од намирници богати со феноли имаат помал ризик од воспалителни болести“.

Фенолите се безвкусни и стабилни, што значи дека не ги уништува високата температура. Кога ги консумираме, телото ги апсорбира и ги испраќа во одредени делови на телото или ги концентрира во црниот дроб.

Тие потоа се шират низ крвотокот и го намалуваат воспалението со антиоксидативната активност.

Човековиот организам не произведува сам феноли, што значи дека треба да ги внесуваме преку исхраната. Најдобар извор се производите од семејството на зелки, а лекарите препорачуваат да ги јадете на секои три дена.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top