Зошто „тика-така“ не функционира и зошто Пеп без Меси не функционира во ЛШ

Славниот германски тренер Феликс Магат, ја критикува славната „тика-така“ на Пеп Гвардиола..

Пеп ќе има секогаш посебно место во тимот на Барселона, бидејки за прв пат во нивното клупско постоење, во 2009 година им ја донесе првата тројна круна.

Две години подоцна Гвардиола ја освои повторно Европа, повторно добивајки го Јунајтед во финалето, одбележувајки еден период во модерната ера на фудбалот.

Пеп за четири години во Барселона освои 14 трофеи, анеговата тика така стана симбол на тоа владеење во фудбалска Европа.

Меѓутоа тој во 2012 година ги напушти Каталонците и повеќе не ја освои ЛШ. Со Баерн се мачеше, исто е и со Манчестер Сити.

Феликс Магат тврди дека Пеп без Меси едноставно не може да функционира кога е ЛШ во прашање.

„Тие ЛШ трофеи во Барселона ги освои всушност Лео Меси, а не Гвардиола. Без Меси тој систем никогаш не е толку испешен за Пеп, инаку тој веќе од поодамна уште еднаш ќе ја освоеше ЛШ со Баерн или Сити“, тврди Магат.

Феликс Магат денес има 67 години а за време на богатата кариера, ги водеше екипите на Хамбургер, Нирнберг, Вердер, Ајнтрахт Ф, Штутгарт, Баерн Минхен, Волфсбург, Шалке, Фулам и Шандонг Луненг.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top