Жозе јасен: Ако Тотенхем сака резултати, барањето мора да ми биде исполнето

Жозе Мурињо е сигурен дека Хари Кејн во Тотенхем ќе добие конкуренција и клубот ќе биде посилен во иднина..

Португалскиот стратег дал јасна наредба до тврдиот претседател на Тотенхем, Даниел Леви, им појаснил дека „сака напаѓач“, доколку сакаат подобри резултати.

„Да бидам јасен, клубот знае, ми треба напаѓач во тимот. Пред некој ден Јирген Клоп потенцира за Челси и направи споредба со неговиот Ливерпул. Па и ние сме таков тим, зад нас не стои државата, не сме од оние клубови кои можат да излезат со многу милиони на пазарот и да донесат многу фудбалери“, порача Мурињо.

Тотенхем новата сезона ја почнува во недела против Евертон од 17:30, а Мурињо искрено се надева дека деновиве ќе пристигне некој познат офанзивен играч на „Вајт Харт Лејн“, со кој многу би била полесна работата во нападот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top