Sunday, January 24, 2021
Home Здравје „АстраЗенека“ поднесе барање за одобрување на оксфордската вакцина во ЕУ

„АстраЗенека“ поднесе барање за одобрување на оксфордската вакцина во ЕУ

Оваа вакцина денеска доби дозвола за употреба во Велика Британија во итни случаи
Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ ја предаде комплетната документација од испитувањето на вакцината против ковид-19 што ја разви заедно со Универзитетот во Оксфорд, со што и официјално побара одобрување од Европската медицинска агенција (ЕМА) за нејзина употреба.

„Ја поднесовме целата неопходна документација, со цел да добиеме дозвола за дистрибуција на вакцината од страна на ЕМА. ‘АстраЗенека’ даде податоци и ќе продолжи тесно да соработува со ЕМА за да може да почне вакцинација“,

соопшти портпаролот на фармацевтската компанија.
Претставник на ЕМА претходно изјави дека оксфордската вакцина најверојатно нема да биде одобрена во јануари, бидејќи „АстраЗенека“ мора да достави дополнителни податоци за да може да добие лиценца во ЕУ за употреба.

Европската агенција за лекови нема да ја одобри оксфордската вакцина до јануари

„АстраЗенека“ денеска доби дозвола за употреба на вакцината во итни случаи во Велика Британија, со што ова земја, како и во случајот со вакцината на „Фајзер/Бионтек“ стана првата земја која одобри нејзино користење.

Популарно