Sunday, January 24, 2021
Home Спорт Титулата се подалеку од Бернабе: Реал даде два гола, ама не победи

Титулата се подалеку од Бернабе: Реал даде два гола, ама не победи

Актуелниот првак на Шпанија дополнително ги намали шансите за одбрана на титулата во Ла Лига, откако одигра без голови на гостувањето кај Осасуна.

Натпреварот имаше лоша предигра, Реал едвај отпатува во Навара поради снежната бура што го зафати Мадрид и околината, а фудбалерите пет часа чекаа авионот да тргне. И во Памплона стадионот не беше во најдобра состојба, во текот на мечот паѓаше снег, што дополнително им ја отежни работата на играчите на двете екипи.

Реал успеа да постигне два гола во второто полувреме, еден преку Бензема и еден преку Рамос, но двата беа поништени поради офсајди во кои се најде францускиот интернационалец. По ова реми Реал е на еден бод негатива во однос на Атлетико, но со три бода повеќе од својот градски ривал. Ако составот на Симеоне победи на тие три меча, би можел да отиде на +10.

Популарно