Tuesday, January 26, 2021
Home Македонија Караџовски хоспитализиран на Инфективна клиника поради Ковид-19

Караџовски хоспитализиран на Инфективна клиника поради Ковид-19

Претседателот на комисијата за заразни болести доктор Жарко Караџовски е хоспитализиран на инфективната клиника поради коронавирусот.

Од клиниката потврдиле дека Караџовски е хоспитализиран заедно со неговата сопруга, но дека и двајцата се во добра здравствена состојба, без потреба од кислородна поддршка и се лекуваат само со лекови.

Од Министерството за здравство пред шест дена информираа дека Караџовски е позитивен на коронавирусот и дека тој и неговата сопруга се во изолација.

Според неговата епидемиолошка анкета, пред да го добие позитивниот тест немал контакти со други лица од поширокото семејство, ниту со колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.

Популарно