Thursday, May 13, 2021
HomeБалканНиманбегу: Владата отпушта кадри од Албанската листа

Ниманбегу: Владата отпушта кадри од Албанската листа

Пратеникот од Албанската листа во Црна Гора, Генци Нуманбегу го обвини владејачкото мнозинство дека нивниот повик до Албанската листа да биде дел од власта „не бил искрен”, бидејќи се менуваат функцинери од таа партија. Тој во соопштението наведе дека односот на власта кон малцинските заедници во Владата се „потврдува и преку смената на сите кадри од Албанската листа”.

– Дека јавниот повик да бидеме дел од власта во Црна Гора не беше искрен, туку само демагошки и протоколарен, потврдува и начинот на кој се сменети нашите функционери, директори во институции под министерствата за образование и за туризам, кои се примени на јавен конкурс, истакна Нуманбегу.

Според него, лидерите кои го сочинуваат мнозинството „наводно им подале рака за соработка на малцинствата со потпишувањето на фамозниот договор, со кој се обврзуваат дека малцинските заедници ќе бидат дел од извршната власт”.

– Јавноста, како домашната така и меѓународната, најверојатно е уверувана дека новата власт ќе воведе нови „демократски” принципи без реваншизам и со почитување на професионалноста, со што конечно е демаскиран и договорот како лажен или можеби реваншизмот е договор на извршната власт, нагласи Нуманбегу.

Тој оцени дека ваквите постапки на Владата „уште повеќе ќе зајакнат недовербата на албанскиот народ во Црна Гора кон актуелната власт и нејзините вистински намери”.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img