Sunday, January 24, 2021
Home Популарно По суспензијата на Трамп, паднаа акциите на Твитер

По суспензијата на Трамп, паднаа акциите на Твитер

Вредноста на акциите на Твитер паднаа за повеќе од два проценти на берзата во Њујорк по одлуката за трајно прекинување на сметката на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Вредноста на акциите на компанијата е нешто повеќе од 50 американски долари, што секако, претставува раст споредебено со нивото кое го имаше пред 1 година. Но по објавата за суспензијата на сметката на Трамп, нивната вредност падна за 2,4 проценти, пренесува Танјуг.

Минатата среда, откако приврзаниците на Трамп го опседнаа Конгресот на САД, Твитер привремено ја блокираше сметката на Трамп, која имаше повеќе од 88 милиони следбеници, и најави трајно суспендирање доколку претседателот продолжи да ги крши правилата на таа социјална мрежа.

Откако беше суспендиран профилот на Твитер за претседателската кампања на Трамп и компанијата ги блокираше новите соопштенија на американскиот претседател на неговата официјална претседателска сметка ПОТУС, на крајот, неговата приватна сметка беше трајно суспендирана.

Популарно