Тим на експерти од Светската здравствена организација (СЗО) пристигнаа во Вухан, градот што се смета дека е почетната точка од каде почна да се шири корона вирусот. Целта на посетата е испитување на потеклото на вирусот.
Официјален Пекинг првично не се согласуваше со намерата на СЗО да го испрати својот тим во Вухан, но експерти, сепак, добија дозвола за работа на терен.
Веста за влезот на тимот на СЗО во Вухан ја објави и кинеската државна телевизија, која соопшти дека експертите ќе поминат околу еден месец во тој град, период во кој се смета и карантинот од две недели.