Thursday, February 25, 2021
Home Спорт Барса го загуби трофејот од Суперкупот, Меси ги загуби нервите и поцрвене...

Барса го загуби трофејот од Суперкупот, Меси ги загуби нервите и поцрвене за прв пат по 753 натпревари

Атлетик Билбао славеше во финалето на Суперкупот на Шпанија, „баскијците“ се спасија во последните минути и потоа на продолженија ја добија Барселона со 2-3.

Роналд Куман ќе почека на првиот трофеј како тренер на Барселона, моменти ги делеа „каталонците“ од славје, но на крајот останаа со празни раце.

Во финалето на Суперкупот на Шпанија, Барселона два пати водеше со головите на Гризман, но Атлетик Билбао се спаси во последните мигови, Виљалибре погоди за 2-2 во 90. минута и го однесе натпреварот во продолженија, a таму, Ињаки Вилијам прекрасно погоди од работ на шеснаесетникот за 2-3.

Во последните секунди, Лео Меси ги загуби нервите и го заработи првиот црвен картон во дресот на Барселона па по 753 натпревари за прв пат беше исклучен.

Популарно

- Реклама -