Saturday, March 6, 2021
Home Спорт Ибра е мајстор, а Милан не се откажува од титулата

Ибра е мајстор, а Милан не се откажува од титулата

Златан Ибрахимовиќ се врати во поставата на Милан на натпревар од Серија А, а „росонерите“ без поголеми славеа на гостувањето кај Каљари со 2-0.

Швеѓанецот ги постигна двата гола, првиот во седмата минута од пенал, а вториот на почетокот второто полувреме. Милан одигра уште еден извонреден тактички натпревар со кој потврди дека лидерското место на табелата не е случајност и дека е способен да дојде до шампионската титула, прва по пауза од десет години.

По некомплетното 18. коло, „росонерите“ имаат 43 бода, три повеќе од Интер, девет од Наполи и Рома и десет од Јувентус.

Популарно

- Реклама -