Saturday, July 31, 2021
HomeМакедонијаПропадна гласањето на Законот за попис – АА-ААА: Заминавме бидејќи Џафери ни...

Пропадна гласањето на Законот за попис – АА-ААА: Заминавме бидејќи Џафери ни рече дека нема мнозинство

Поради недостиг на 61 пратеник во собраниската сала, Собранието не успеа да ја оддржи 30-та седница. На дневен ред беше Законот за лекови и интерпелација на вицепремиерот Димитров, но освен тоа пропадна и гласањето на Законот за попис на населението бидејќи беше предвидено доколку ги има потребните бројки за просто мнозинство од 61 пратеник, претседателот да побара да се отвори 29 седница на која единственото нешто што остана беше Законот за попис. Но во салата немаше 61 пратеник. Од пребројувањето беше констатирано дека присутни се само 59.

Собранискиот спикер рече дека 7 пратеници го известиле дека не можат да присуствуваат на седницата. Еден пратеник од мнозинството е позитивен на Корона, а друг го чека резултатот од тестот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека опозицијата е во Собрание, но не се присутни во сала во форма на револт иако два предлог закони се со европско знаменце, а според него, немаат врска со тоа.

Претседателот на Собранието по неколкуте повици констатираше дека не е исполнет условот за да се продолжи понатаму.

Но, пред да ја донесе оваа констатација Џафери, надвор од Собранието, координаторот на парламентарната група на албанската опозиција, Скендер Реџепи за ТВ21 рече дека Претседателот на Собранието им кажал дека го немаат потребното мнозинство за одржување на седницата и затоа АА-ААА си заминале.

„Од 10:30 часот како пратеничка група бевме во канцелариите за координација и чекавме да почне седницата, барем да помине Законот за попис. Пред малку дознавме од Претседателот на Собранието дека го немаа потребното мнозинство и дека и со нас го немаат потребниот број за гласање и дека седницата се презакажува за следниот ден“, истакна Скендер Реџепи.

Покасно тоа го потврди и другиот пратеник на албанската опозиција, Сирија Рашиди.

ТВ21: Кога одлучивте да одите? Имавте претходна комуникација?

„Тогаш кога ни потврди лично Претседателот на Собранието дека го нема потребното мнозинство, затоа и ние немаме потреба да чекаме“, посочи Сурија Рашиди.

Албанската опозиција отворено изјави дека ќе ги поддржи Законот за попис иако имаат критики кои ќе ги кажат и на седницата за гласање.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img