Најитната акција би можела да биде голем поттик за Американците погодени од коронавирусот, но Бајден вети дека во американските бизниси ќе внесе милијарди што би била најголемата сојузна интевенција во последните неколку години.
Тој изрази поддршка за државна минимална плата од 15 долари на час и нудеше кредити за малите и средни фирми погодени од пандемијата.
Аналитичарите влеат дека планот на господинот Бајден „Made in America“ е да создаде 18 милиони нови работни места. Тој исто така вети дека ќе укине некои намалувања на даноци кои ги воведе Трамп, префрлајќи го товарот назад на најбогатите американски држави.
Раса и нееднаквост
Бајден се соочи со критики заради неговото досие за прашања кои се однесуваат на афроамериканската заедница. Меѓутоа, неговиот предлог за заложба за расна рамноправност во САД беше главниот столб на неговата кампања.
Тој ќе се фокусира на економските мерки, зајакнување на шансите за малите претпријатија во американските малцински заедници и вложување во програми за образование во економските загрозени заедници.
Климатски промени
Својата еколошка политика Бајден исто така ја гледа како економски рудник за злато за земјата. Тој планира да вложи два милијарди долари во технологија за чиста енергија како од сонце или ветар.
Неговата администрација ветува амбициозни цели меѓу кои и враќање на САД во Парискиот климатски договор.
Внимателно ќе се надгледува како пристапува на индустрии како нафта и природен гас.
Имиграција
Ова прашање би можело да биде и најголемиот пресврт во однос на администрацијата на Трамп. Новиот претседател вети дека ќе ги укине ограничувањата кои Трамп ги воведе и дека ќе престане со изградба на ѕидот на границата со Мексико.
Тој рече дека ќе се прошират ресурсите за мигрантите кои веќе се во земјата и дека ќе се пронајде начин за државјанство за оние кои се во земјата илегално.
Здравство
Бајден вети зајакнување и ширење на таканаречениот Обамакер. Околу 115 милиони Американци, постари од 65 години или со мали примања, имаат здравствената заштита преку програми како „Медикер“ и „Медикед“, а Бајден сака да дозволи да се пријавуваат и луѓе со 60 години.
Надворешна политика
Се очекува дека Бајден ќе се сврти кон традиционални сојузници во Европа и ќе поправи некои врски кои се несигурни.
Односотт се Северна Кореја како што сега постои веројатно ќе исчезне, а прашање е како Бајден ќе се однесува спрема Британија после Брегзит.