Monday, March 8, 2021
Home Македонија Мијалков тврди дека нема докази оти „бомбите“ се од УБК

Мијалков тврди дека нема докази оти „бомбите“ се од УБК

Покрај Мијалков и Јанкулоска во овој предмет обвинети се бегалците Никола Бошковски и Горан Грујевски и уште седум лица од службата.

“Никогаш никому, ни писмено ни усно, сум дал наредба да изврши какво било дејствие во насока на следење на комуникации. “– тврдеше екс директорот на УБК Сашо Мијалков во неговото прво сведочење за предметот за масовното незаконско прислушување “Таргет-Тврдина” во кој е обвинет.

Мијалков кажа дека нема ниту еден доказ дека прислушувањето на илјадници броеви се вршело токму во УБК и тврдеше дека следењето на броевите многу лесно можело да се врши и надвор од Управата, а затоа бил информиран на презентација во 2014-тата година.

„Такво нешто ми беше презентирано од израелска компанија за високософистицирана опрема, дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори. Опремата беше составена од 3 лаптопа и една мала антена од неколку сантиметри.. сведочеше Мијалков и рече дека таа опрема потврдила дека во истиот тој момент работеле други три системи, кои не биле на Управата.

Тврдеше дека никогаш не пристапил во системите за следење на комуникациите, иако можел. За 9 години колку што бил директор скоро и да не го користел службениот компјутер, ниту пак, дал наредби кои броеви да се слушаат, а рече, не одобрил да се уништат два система за следење на комуникациите. Тоа било проценка на службите.

-Се согласувам дека, ако се случат некои пропусти, директорот има одговорност, но она што ми го давате како квалификација во вашето обвинение не е соодветно. Ако требаше да поднесам таков тип одговорност, тогаш во обвинението требаше да има друга квалификација, а тоа е несовесно работење во службата. рече Мијалков.

Пред него на рочиштето сведочеше и ексминистерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, која исто така е обвинета во овој случај.. Рече дека не знаела што потпишува кога во УБК била формирана комисијата што ја уништи опремата за прислушувањето… Додаде дека Комисијата и нејзините членови се должни да ги почитуваат правните стандарди и дека тие имале голема одговорност.

Покрај Мијалков и Јанкулоска во овој предмет обвинети се бегалците Никола Бошковски и Горан Грујевски и уште седум лица од службата.

Популарно

- Реклама -