Saturday, March 6, 2021
Home Спорт Кога му беше најтешко, Јувентус дојде до трофеј

Кога му беше најтешко, Јувентус дојде до трофеј

Најтрофејниот италијански клуб за момент заборави на големите проблеми во домашното првенство и по пауза од една година, се закити со трофејот од Суперкупот на Италија.

Во исто време му се одмазди на Наполи за поразот во финалето од Копа Италија минатата сезона и го совлада со 2-0. Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо во 64. минута и Мората во шестата минута од судиското продолжение. Трагичар беше Лоренцо Инсиње кој во 80. минута промаши пенал.

Ова е деветти трофеј за Јувентус во Суперкупот на Италија кој се игра од 1988 година. Втор на листата е Милан со седум, а Наполо пропушти шанса да дојде до третиот пехар.

Популарно

- Реклама -