Monday, March 8, 2021
Home Балкан Хрватска се празни, покуса за население колку цел еден Сплит

Хрватска се празни, покуса за население колку цел еден Сплит

За eдна деценија,  Хрватска изгубила население колку цел еден Сплит.

Загреб и Истарската жупанија се единствените области во Хрватска во кои во за 10 години е зголемен бројот на жители,  а сите други жупании изгубиле повеќе од 200.000 жители, пишуваат тамошните медиуми.  Истра има благ раст од 1.000 жители, додека Загреб го зголемил своето население за околу 17.000 и сега има 807.000 жители, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС). ЦБС проценува дека Загреб ја надминал бројката од 800.000 жители во 2016 година и од тогаш бавно расте благодарение на фактот дека тој е најсилниот економски центар во државата. Сисачко-мославачката жупанија изгубила 27.000 жители, Осиечко-барањската – 33.000, Приморско-горанската – 12.000, и близу до нула – со дефицит од околу 900 луѓе, е единствено туристички просперитетната Дубровничко-неретванската жупанија.

Хрватска се празни поради иселување, но и намален наталитет. Хрватска на последниот ден од 2018 година имала 4.076.246 жители. Тоа е проценка на Државниот завод за статистика врз основа на податоците од пописот во 2011 година, природното движење и миграциското салдо.

Популарно

- Реклама -