Monday, June 21, 2021
HomeБалканВучиќ: За 72 часа ќе бидеме втори во Европа по бројот на...

Вучиќ: За 72 часа ќе бидеме втори во Европа по бројот на вакцинирани

Додека правеше обиколка на плоштад во Белград каде има градежни активности, српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше и за процесот на вакцинација, па најави дека Србија ќе биде втора во Европа по стапката на вакцинирани.

Во моментов, рече тој, тие се четврти, а пред нив се Велика Британија, Малта и Данска.

„Велика Британија е далеку пред нас, а малку пред нас се Малта и Данска. Очекувам дека во наредните 72 часа ќе ги пристигнеме Малта и Данска и ќе бидеме втори“, изјави Вучиќ.

Тој дури направи споредба и на глобално ниво, па така порача дека Србија е деветта во светот по бројот на вакцинирани на 100 000 жители, а за 72 часа би била петта.

Вучиќ најавил и дека од „Фајзер“ ќе стигнат помалку од предвидените вакцини, како и дека ќе доцни испораката на руската „Спутник V“ поради застој во нивните фабрики. Но, за српскиот претседател тоа не е проблем, бидејќи вели дека е важно оти ќе стигнат.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img