Thursday, February 25, 2021
Home Свет Германија прва во ЕУ го купила препаратот за Covid-19 базиран на „коктел...

Германија прва во ЕУ го купила препаратот за Covid-19 базиран на „коктел на антитела“

Германија е првата земја во Европската унија којашто го купила препаратот против Covid-19, базиран на моноклонални антитела, чие користење во раната фаза може да помогне да се избегне тешка форма на болеста, потврди министерот за здравство Јенс Шпан во интервјуто објавено во неделата во весникот Bild am Sonntag.

„Да. Почнувајќи од следната седмица, ќе бидеме првата членка на ЕУ која ќе започне да користи моноклонални антитела. Државата отколу 200.000 дози во вредност од 400 милиони евра“, додава Шпан.

Министерот за здравство притоа истакнува дека препаратот прво ќе се користи за лекување на пациенти со Covid-19 во универзитетските клиники во Германија.

„Тие дејствуваат како пасивна вакцина. Раното користење воведување во организамот на овие антитела може да помогне пациентите од ризичните групи да ја избегнат тешката форма на болеста“, појаснува Шпан.

Сепак, германскиот министер за здравство не прецизира кој е производителот на препартат и кое е неговото име.

Во октомври минтата година беше објавен дека со сличен медицински препарат бил третиран сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кога беше заразен со коронавирусот и во болница се задржа само четири дена. Нему му бил инјектиран серум производен од фармацевтската компанија „Regeneron Pharmaceuticals“.

Овој препарат е базиран на моноклонални антитела познати како casirivimab и imdevimab, кои конкретно го таргетираат S-протениот, кој ја игра централната улога при навлегувањето на вирусот во клетките на организамот на домаќинот. Односно, тие спречуваат вирусот да се закачи за и да навлезе во клетката.

Според досегашните сознанија, терапијата со „Regeneron’s REGN-COV2“ спрелува вирусот да се врзе со клетките, да продре во нив и да се размножува, и му помага на имунолошкиот систем да го нападне и убива вирусот. Споменатот коктел од моноклонални антитела, Трамп го добил во инфузија од осум грама.

Матичните клетки што се користат за развој на лекот се познати како клетки HEK-293Т и првично биле извлечени од бубрег на ембрион по абортус извршен во Холандија во 1970-те години. Интересно е што токму Трамп ги ограничи ваквите истражувања во 2019 година кога неговата администрација го запре федералното финансирање на истражување на ткиво на фетус.

Есента 2020 година од „Regeneron Pharmaceuticals“ изјавија дека компанијата спорните клетки HЕК-293Т не ги смета за ткиво. Според нив, клетките слободно се делат во лабораторија и не се смета дека оние што денес се достапни се ткиво на фетус, и инаку не користат фетално ткиво.

Развојот на коктелот со 450 милиони долари го поддржа Barda, институција во рамките на тамошното Министерство за здравство, задолжена за истражување и развој во биомедицината. Не е достапен за јавноста и досега е познато дека е тестиран само на 275 лица.

Популарно

- Реклама -