Thursday, February 25, 2021
Home Технологија SpaceX лансира рекордни 143 сателити во орбитата на Земјата

SpaceX лансира рекордни 143 сателити во орбитата на Земјата

Сателитите, кои се од различни компании, беа лансирани во текот на вчерашниот ден во рамките на Transporter-1 мисијата

SpaceX на Елон Маск во текот на вчерашниот ден ја лансира својата Transporter-1 мисија со која со едно лансирање, однесе 143 сателити до орбитата на Земјата. Ова претставува и рекорд кога е во прашање бројот на сателити со едно лансирање.

Сателитите кои беа лансирани се од повеќе компании, како и државни институции, а дел беа и од SpaceX, поточно Starlink мисијата за овозможување на интернет, која предизвика и одредени критики.

Лансирањето на рекордниот број на сателити истакнува една предност која е карактеристична сега за сега само за SpaceX, а тоа е пониската цена од конкурентите. Од компанијата тоа го постигнуваат со развојот на својата ракета која се враќа назад на земјата, наместо да изгори во атмосферата и со тоа да не може да се искористи повторно во наредна мисија.

SpaceX

За мисијата беше користена веќе познатата Falcon 9 ракета која успешно слета назад на земјата, како и обично на платформа во океан.

SpaceX не се единствените кои овозможуваат лансирање на сателити во орбитата, но дефинитивно се покажуваат како едни од најдобрите, а посебно кога е во прашање цената. Сепак, SpaceX има и одредени „маани“ кога се споредуваат со конкуренцијата, како на пример можноста за поставување на товарот во различни орбити, односно на различна висина.

Популарно

- Реклама -