Saturday, March 6, 2021
Home Австралија (ВИДЕО + ФОТО) Македонците во Мелбурн го прославија денот на Австралија

(ВИДЕО + ФОТО) Македонците во Мелбурн го прославија денот на Австралија

Државниот празник на Австралија беше денес прославен со традиционалниот пикник на Македонците од југоисточните населби на Мелбурн, во организација на Австралиско-македонскиот совет за југоисточните населби.

Пикникот се одржа во Тиркатуан парк во Данденонг, на кој присуствуваа голем број Македонци.

Тие беа послужени со традиционалното гравче подготвено од Управата на Советот, кое беше благословено од Отец Глигор.

Паричката од лебот ја најде госпоѓата Бина Паунова, која ќе биде домаќин на пикникот следната година.

Управата и присутните подготвија интересна и богата лотарија која уште повеќе ја збогати радосната атмосфера. Попладнето продолжи со музика, песна и македонски ора, кои што беа вистинско доживување за другите посетители на паркот, кои со љубопитност ги следеа македонските ора.

Нешто што е карактеристично за ова здружение е нивната спонтаност, сплотеност и љубов за дружење. На ваквите денови како да застанува времето и сите присутни се чувствуваа како да се во својата татковина, Македонија.

Сите добронамерни луѓе се секогаш поканети на ваквите настани.

За повеќе информации за наредниот возбудлив настан во организација на Советот, следете ја Фејсбук страницата: Австралиско-македонски совет за југоисточните населби.

Текст и Видео: Силвана Павловска.

Популарно

- Реклама -