Monday, April 12, 2021
HomeСпорт(ВИДЕО) Ливерпул еден месец не можеше да даде гол, па му се...

(ВИДЕО) Ливерпул еден месец не можеше да даде гол, па му се истури на Мурињо

Првпат по 19 декември и по пет натпревари во низа, екипата на Ливерпул триумфираше во Премиер лигата, прекинувајќи еден од најлошите периоди во ерата на Клоп.

Победата е уште послатка бидејќи е остварена против Тотенхем на Жозе Мурињо кој е еден од ривалите за шампионската титула оваа сезона. Ливерпул славеше со 3-1 и се врати во игра за одбрана на трофејот иако негативата во однос на екипите од Манчестер уште е голема.

Клучен беше периодот од крајот на првото и почетокот на второто полувреме во кое гостите постигнаа по еден гол, преку Фирмино и Александер-Арнолд. Хојбјерг за момент ја врати неизвесноста, но Мане стави точка на мечот во 65. минута.

Сега Ливерпул е четвртопласиран со 37 бода, но може да падне подолу бидејќи Евертон има четири бода и два натпревара помалку од својот градски ривал.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img