Wednesday, June 23, 2021
HomeБалканПочнаа да се вадат многу валкани алишта: Шешељ бил силуван додека служел...

Почнаа да се вадат многу валкани алишта: Шешељ бил силуван додека служел затворска казна во Зеница!?

Во интервјуто за Дневни аваз, претседателот на Лигата на социјалдемократи од Војводина, Ненад Чанак, зборуваше за конфликтот со радикалот Воислав Шешељ и ја објасни позадината на нивната повеќедецениска кавга, која кулминираше со поканата од Чанак до Шешељ нивните недоразбирања да ги решат во двобој со пиштоли.

Работата е едноставна, веќе 30 години се борам со Воислав Шешељ и останатото ѓубре како него, вели Чанак и додава:

Сега веќе почна да се губи секакво значење, затоа што ние, под покровителство на приказната за слободата на изразувањето и непостоењето вербален деликт, дојдовме до позицијата дека осудените воени злосторници се главни во јавноста и го имаат главниот збор. Дојдовме до точка дека најмонструозните идеи што предизвикаа смрт на стотици илјади луѓе станаа легитимна работа и се сметаат за дел од политичкиот спектар.

Според зборовите на Чанак, сите овие екстремисти, десничари и силни бранители на Србите се сите насилници и кукавици, но, тоа не може да се види од нивната врева. Затоа морав да прибегнам кон екстремно решение, вели тој и да покажам со конкретен пример дека тоа е најобичното ѓубре што не смее да му се спротистави на секој што е доволно подготвен да се справи со тоа и со нив. Кога ќе ми кажат зошто си дозволувам да се спуштам на тоа ниво, да се занимавам со такво ѓубре, треба да ги потсетам дека чистењето на измет некогаш се сметаше за херојско дело и јас тоа така го доживувам. Едноставно, тој ментално-интелектуален измет мора на крајот да биде исфрлен, вели Чанак.

Шешељ изјави дека не би се согласил на таков двобој со пиштоли, вели Чанак, освен ако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не гарантира негова аболиција и доколку Вучиќ не обезбеди пиштоли, бидејќи тој не би сакал да му биде одземено оружјето. Секако, моето прашање беше: Од каде осуден воен злосторник доби легално оружје во Србија?

На Шешељ не смее да му се даде лажица, смета Чанак, затоа што се закануваше дека ќе коле со ‘рѓосана лажица, а камоли нешто друго. На крајот на краиштата, тој треба итно да биде хоспитализиран бидејќи тој е, очигледно, психички нарушена личност.

А како дојде до тоа и како неговата фрустрација од силувањето што го доживеа во затворот Зеница го натера да стане бескрупулозен крволок на сè што е човечко, јас нема да навлегувам во тоа, вели тој.

Но, тоа не е мој проблем, тоа е проблем на државата што им овозможува на ментално нарушените лица да се вклучат во јавниот живот на начин што може да заведуваат луѓе кои се помалку образовани и кои се помалку информирани. Таа политика пропадна и доживеа крах, само тоа никој не им кажа на граѓаните на Србија, заклучува Чанак.

Извор: Во Центар

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img