Monday, April 12, 2021
HomeПопуларно(ВИДЕО) Американскиот ровер „Perseverance“ успешно слета на Марс

(ВИДЕО) Американскиот ровер „Perseverance“ успешно слета на Марс

Вселенскиот ровер „Perseverance“ на американската агенција за вселенски истражувања NASA успешно слетал во четвртокот на Марс по прелетаните 480 милиони километри, соопшти агенцијата.

Како што е претставен, „Perseverance“ е најнапредното вселенско возило кое е испратено на друга планета, и во атмосферата на Марс влезе и потоа сигурно слета во кратерот Езеро, по речиси седумте месеци патување низ Вселената, со што започнува потрагата по докази за постоење древен микробиолошки живот на Црвената планета.

Шефовите на мисијата во лабораторијата на NASA за млазен погон JPL, близу Лос Анџелес, со традиционалното ракоплескање и извици на среќа го поздравија моментот кога радио сигналите го потврдиле слетувањато во 21,58 часот по средноевропско време.

Повеќенаменската вселенско летало кое навлезе во атмосферата на Марс со брзина од 12.000 милји на час, морало извонредно прецизно да ја изведе комплексната серија маневри и да забави при спуштањето за да се избегнат опасностите на површината и полека да го постави роверот на неговите шест тркала.

Процесот вклучува ризично отворање на падобранот при надзувчна брзина и „Sky Crane“, дрон на ракетен погон кој се одвои од вселенското летало, одлета до местото предвидено за слетување за безбедно да го спушти роверот на почвата, пред самиот да се урне на површината на Марс на безбедна оддалеченост од „Perseverance“

Процесот на спуштање во атмосферата и слетувањето, инженерите на NASA го нарекуваа „седум минути страв“, а се смета за најсложениот и најпредизвикувачки подвиг изведен во ерата на роботизираните вселенски летови.

Научниците на NASA го опишуваат испраќањето на „Perseverance“ како најамбициозната од речиси 20-те американски мисии на Марс. Роверот е поголем и поопремен од сите свои четири претходници. Најновата мобилна роботска сонда ќе продолжи да работи на претходните истражувања и откритија, според кои четвртата планета од Сонцето некогаш била потопла, повлажна и на неа постоел живот.

Главната цел на двегодишната мисија „Perseverance“, којашто чинеше 2,7 милијарди долари, е потрагата по микробиолошки живот кој на Марс можеби бил присутен пред три милијарди години, речиси во истиот период кога настанувал животот на Земјата.

Научниците се надеваат дека ќе успеат да пронајдат знаци на живот во примероците од древните седименти коишто „Perseverance“ ќе ги извлекува од карпите на Марс и ќе ги испрати за анализи на Земјата, што би требало да бидат првите такви примероци кои луѓето ги собрале на друга планета.

Во иднина се планирани уште две мисии: преземање на примероците од карпите и почвата и нивно враќање во NASA во следната деценија.

Американскиот „Perseverance“ не е осамен на Марс. Неговиот претходник „Curiosity“, кој слета во 2012 година остануива во функција и во контакт со NASA, како и стационарната сонда „InSight“ којашто на Марс слета во ноември 2018 година за да ја истражува длабоката внатрешност на планетата.

Во моментов покрај американската мисија, на Марс се одвиваат уште две други. Станува збор за сондата „Hope“ (Надеж, односно Амал на арапски), којашто ја лансираа Обединетите Арапски Емирати пред половина година, во неделатата ја испратила својата прва фотографија од Марс. Претходно пред две седмици кинеската сонда „Tianwen-1“ лансирана во јули 2020-та од Кина ги испрати на Земјата првите фотографии снимени на 2,2 милиони километри од Марс. И емиратската и кинеската сонда се стационирани во орбитата на Црвената планета.

NASA има уште три сателита во орбитата на Марс, заедно со две на Европската вселенска агенција (ESA).

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img