Wednesday, June 23, 2021
HomeБалканПленковиќ: Целосно затворање на земјата не е опција

Пленковиќ: Целосно затворање на земјата не е опција

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ кажа дека мисли дека земјата успеала да ги намали изворите на зараза со вирусот, и дека за полициски час никогаш не се расправало, ниту пак е опција.

Тој истакна дека е најважна одговорноста на граѓаните, и дека воведувањето на мерките од минатиот понеделник најдобро може да се види сега.

„Веднаш да разјасниме две нешта – значи, за полициски час никогаш не се расправало и целосен карантин не е опција. Имаме две теми кои ги полнат медиумите, а за кои воопшто не разговараме. Ниту другите земји не одат со мерки какви што беа на пролет. Вториот елемент е ограничувањето на начинот на живот. Нашата стратегија е пропорционална со заканата со која сме соочени“, кажа хрватскиот премиер.

На прашањето како ги коментира изјави на претседателот Зоран Милановиќ, Пленковиќ кажа: „Не сум ги следел, немам време“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img