Сепак, независни експерти ќе се состанат во петок за да одлучат дали да препорачаат да се одобри вакцината. Вакцината е ефикасна во намалување на ризикот од ковид-19 и создавање на антитела на вирусот најмалку 14 дена по вакцинацијата.

Охрабрувачки е што една доза од вакцината на ‘Џонсон и Џонсон‘ е еднакво добра во спречувањето на сериозна болест како две дози на конкурентските компании.

Во испитувањата на над 44.000 учесници, федералните регулатори соопштија дека вакцината е ефикасна 72% во САД, 66% ефикасна во Латинска Америка и 57% ефикасна во Јужна Африка, каде тамошната мутацијата е широко распространета. Иствремено, таа е 85% ефикасна во спречување на тешки случаи на ковид-19. Научниците сè уште проучуваат колку долго вакцината ги штити луѓето од ковид-19.

Една од предностите на вакцината Џонсон и Џонсон е што треба да се чува само на вообичаени температури во фрижидер, за разлика од вакцините Фајзер и Модерна.